| четврток, 6 декември 2018 |

Австриска одмазда: „Турција дозволува полов однос со деца помлади од 15 години“

Турското министерство за надворешни работи го повика на консултации австрискиот вршител на должноста во Анкара поради непримерен натпис во Турција на екран за вести на виенскиот аеродром.

Анкара е гневна поради пораката која стоела на службениот аеродромски екран.

„Турција дозволува полов однос со деца помлади од 15 години“, пишувало на екранот каде инаку се вртат официјалните известувања. Фотографијата сега кружи по социјалните мрежи.

-На австрискиот претставник јасно му ја изразивме вознемиреноста и му ја пренесовме реакцијата поради натписот кој го уништува игледот на Турција и намерно погрешно ја информира јавноста, соопштија од турската влада и додадоа дека пораката била отстранета по реакцијата на Турција.

Инаку, турскиот уставен суд минатиот месец донесе одлука за поништување на членот на кривичниот закон според кој сите облици на полов однос со деца помлади од 15 години се сметаат за сексуално малтретирање.

Односите меѓу Австрија и Турција се влошија и станаа напнати по обидот за воен удар, кога неколку австриски министри се изјаснија против влегување на Турција во Европската Унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top