| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата во Италија заплени два тона марихуана од Албанија

Италијанската полиција заплени околу два тона марихуана и уапси петмина албански државјани. Според полицијата, дрогата, чија вредност на пазарот достигнува од 16 до 18 милиони евра, била запленета на брегот на приморското градче Фанос, во гумен чамец што пристигнал од Албанија.

Ова е најголема количина марихуна запленета во овој регион на Италија. Италијанските власти соопштија дека неколку од уапсените Албанци со години живееле во Италија, со регулиран престој, па дури имале и свои мали градежни фирми.

Дрогата била спакувана во пакетчиња, херметички затворени и на секое од нив стоело името на градот во Италија, (Верона,Болоња …) каде требало да заврши.

Уапсените се дел од добро организирана нарко мрежа која подолг период делувала во оваа земја. При претресот, полицијата нашла и софистцирани апарати за да не може нивните телефони да се прислушуваат.

Истрагата продолжува во правец на откривање на нивните евентуални соработници во Албанија и во Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top