Култниот британски атлетичар Мохамед Фарах останува непоразен од 2011 година, откако рано утринава во Рио го одбрани олимпиското злато на 10.000 метри. Фарах во тактичка трка во последните 150 метри со неверојатна леснотија го мина Паул Кипкетич Тануи од Кенија и потврди дека нема конкуренција на долгите патеки.
Фарах истрча 27.05.18 минути и на две европски и една светска титула, додаде и второ олимписко злато. Бронзениот медал му припадна на Тамират Тола од Етиопија.
Британецот го повтори успехот на Затопек, Вирен, Гебресиласие и Бекеле, кои претходно го одбраниле олимпиското злато на 10.000 метри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


