| четврток, 6 декември 2018 |

Фелпс со 23. златен медал на ОИ ја заврши кариерата со солзи во очите

sad plivanje stafeta

Најдобриот олимпиец на сите времиња со 23. златни медали на Олимписките игри од вкупно 28. Тој ја комплетираше својата олимписка кариера со уште еден златен медал, овојпат како дел од американската штафета 4х100 метри мешано.

Фелпс беше во третата промена заедно со колегите Рајан Марфи, Коди Милер и Нејтан Едријан, за победа со време од 3:27.95, нов олимписки рекорд. Среброто отиде кај Велика Британија, Австралија беше трета, додека Марфи го подобри светскиот рекорд на 100 метри грбно во трката.

Со ова се става крај на неверојатната кариера на Фелпс, и со солзи се збогуваше од аудиториумот.

majkl felps

– Се обидувам да најдам што да кажам и немам зборови. Ова беше вистинско остварување на сонот – вели Фелпс, кој сега посочува дека е „пензиониран“ исто како по Олимпијадата во Лондон во 2012.

На трибините беа и неговите најблиски, вереницата Никол Џонсон, синот Бумер и неговата мајка Деби, кои исто така со солзи во очите го испратија последниот настап на најголемиот олимпиец во историјата на Игрите.

majkl felps 1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top