Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски од денеска ќе престојува во прва официјална посета на Ирска на највисоко државно ниво. Дводневната официјална посета на Ирска, која претседава со Европската унија, е на покана на претседавачот на Претставничкиот дом на Ирска, Шон Берет.
Во состав на собраниската делегација се и пратениците Александар Николоски, Неџати Јакупи и Панче Орцев.
Вељаноски, покрај средбата со домаќинот, претседавачот на Претставничкиот дом на Ирска Берет, ќе оствари средба и со претседателот на Ирска Мајкл Д. Хигинс и министерот за европски прашања Лусинда Креитон.
Собраниската делегација ќе има средба и со Заедничката комисија на Парламентот за европски прашања, со Ирско-македонската група за пријателство, како и со претставници на Македонската заедница во Ирска.
Во рамките на официјалната посета, предвидено е Вељаноски да присуствува и на седница на Претставничкиот дом на Ирска – Даил, како и на седница на Ирскиот сенат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.