Банда инструментале Суперхикс најавува уште една забава со своите верни фанови! Дел од следните активности на бендот е подготовката на нов видео запис кој ќе биде изработен за песната „Скок“ од последниот албум „Африка“, а за таа цел Хикси ги повикуваат сите свои фанови да земат активно учество во овој спот, преку конкурсот „Раскокај се за нашиот нов спот“.
Сите фанови кои сакаат да бидат дел од овој спот, на бендот треба да му испратат YouTube линк наsuperhiks@gmail.com каде што ќе покажат како „денсаат“ со својата екипа на песната “Скок”.
Клипот треба да биде во траење од максимум 1 минута, a истиот можете да го испратите најдоцна до 20 Мај 2013.
Двајцата најлуди денсери од овој конкурс ќе добијат карти за фестивалот АКВА ПАРК ФЕСТ, кој ќе се одржи на 24-ти и 25-ти мај во Пробиштип, а на кој покрај останатите музички ѕвезди како Paul van Dyk, Mark Knight, Кирил Џајковски, SJ&RM и низа други, настапуваат и фуриозните Суперхикс. Останатите учесници на конкурсот ќе бидат дел од новиот спот за песната „Скок“, за чија реализација ќе биде задолжен тимот на Creativе Lab од Универзитетот Американ Колеџ Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.