Гери Линекер се „прослави“ со лошите прогнози во минатата сезона, а најпромашена сигурно му е онаа кога англиската фудбалска легенда тврдеше дека Лестер нема никакви шанси да стигне до титулата, и тоа на неколку месеци пред крајот на сезоната кога „лисиците“ имаа солидна предност пред ривалите.
Линекер дури и најави дека е подготвен да ја води својата емисија на ББЦ по долна облека доколку не е во право, а откако Лестер стана првак, екс-голгетерот го исполни ветувањето, па на денешната прва емисија за новата сезона се појави разголен пред камерите.
Дадениот збор не се прекршува, но Гери во иднина сигурно ќе внимава што ќе прогнозира и што ќе ветува доколку не е во право.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Југоносталгични гаќи ја вознемирија Далмација
-
Вработена дошла на работа без гаќи – Директорката на УЈП со наредба за пристојно облекување
-
Еве кој прв почна гол на ладното: Паљо по гаќи на снегот (ФОТО)
-
Босанците не ги победија Грците, но ги уништија: Ми ги соблекоа гаќите, но потешко ми падна скандирањето „Македонија, Македонија!“