Бразилската репрезентативка во скоскови во вода Ингрид Оливеира заради маратонски секс за време на игрите во Рио е исфрлена од тимот и од селото.
Ингрид и нејзината партнерка Џована Педросо останаа на десетто место во скокови од 10 метри иако беа меѓу фаворитите за медали.
Тоа ја изнервирало Џована која ја издала својата партнерка дека цела ноќ пред натпреварот ја исфрлила од соба за да има секс со своето момче, кајакарот Педро Гонкалвеш.
Џована им сторила услуга, но сметала дека ќе завршат „работа“ многу порано. Сепак, тие воделе љубов цела ноќ, што директно влијаело на резултатот следниот ден.
После се, коментариот на Ингрид е
„Секому се случува да направи грешка“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.