| четврток, 6 декември 2018 |

Италија протера Тунижанец- планирал терористички напад во Пиза

Италијански суд во саботата издал налог од земјата да биде протеран државјанин на Тунис, обвинет дека е симпатизер на џихадстичката групација Исламска држава и оти планирал да изведе терористички напад во познатата Крива кула во Пиза, која е многу посетувана од туристите историска атракција.

Како што објави интернет изданието на дневниот весник La Stampa, тунискиот државјанин бил уапсен во четвртокот, на 11-ти август, во северниот дел на Италија, во шумската областа меѓу Пиза и Ливорно.

Во операцијата за пронаоѓање на 26-годишниот Билел Лихауи, биле ангажирани повеќе од сто карабинери од Торино. По неговото приведување, министерот за внатрешни работи Анџелино Алфано побарал итно да биде протеран од земјата.

На социјалниот мрежи Тунижанецот изразувал поддршка за борците на Исламската држава, особено за бомбашите самоубијци. Покрај познатата кула во Пиза, тој во своите објави на социјалните мрежи ги споменувал и другите историските знаменитости во овој град во Тоскана.

Претходно тој ѝ бил познат на италијанската полиција како трговец со наркотици. Се смета дека се радикализирал преку социјалните мрежи.

Италијанките разузнавачки служби претпоставуваат дека тој стапил во директен контакт со терористи од Тунис, кои неодамна загинале во борбите на Блискиот исток.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top