Алигатор нападна Американка фактички одгризувајќи ѝ ја раката во Националниот пар Еверглејдс во јужниот дел на сојузната држава Флорида, соопшти во саботата полицијата на округот Бровард.
Инцидентот се случил во рибарски камп во мочурлива област, каде што може да се дојде само со моторен чамец или со хеликоптер. Настраданата, 49-годишната Кимберли Ен Секстон, живеела во централна Флорида а на југот дошла во текот на викендот.
„Жената стоела на преминот кога во водата потопила празна конзерва. Кога се наведнала да го подигне предметот кој ѝ испаднал од раката, била нападната од алигатор“, појаснил портпаролот на окружната полиција Мајкл Џашл.
Според него, очевидци на нападот биле осум лица кои побрзале да ѝ помогнат на жената. Двајца од нов ја зграпчиле жената за нозете за да не биде повлечена во водата а потоа таа успеала да ја истргне својата рака од челуста на алигаторот.
„Таа била сериозно повредена, и поради тоа била неопходна ампутација на речиси целата десна рака“, додал.
Настраданата жена биле донесена во болница со хеликоптер. Загубила многу крв и била во бесвесна состојба. Нејзината состојба се оценува како тешка и критична.
Алигаторот подоцна бил пронајден од овластени трагачи по овој вид животни, од националниот парк
Според властите на Флорида, од 2010 година во оваа сојузна држава се регистрирани околу 40 случаи, кога алигатори без некоја особена причина нападнале луѓе. Во текот на минатата 2015 година, во вакви инциденти смртно настрадале две лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.