| четврток, 6 декември 2018 |

Го билдаат егото, а не телото: селфија од вежбање

Едно истражување на Универзитетот Брунел во Лондон требало да открие зошто толку луѓе имаат потреба да ја споделат секоја нивна рутина за вежбање на социјалните мрежи. Резултатите не се баш позитивни, во најмала рака.

20140313-140740

Се чини дека луѓето кои секогаш ги објавуваат нивните активности од салата за вежбање или од нивното обично џогирање се нарциси. Според истражувањето, нивната главна цел е да се пофалат за тоа колку време трошат на нивниот изглед. Исто така, наводно овие објави добиваат повеќе Фејсбук лајкови од останатите.

gym_selfie_by_gooner2007-d990jrx

Нарцисите многу почесто објавуваат статуси за нивните достигнувања, што е поттикнато од нивната потреба за внимание и валидација од страна на Фејсбук заедницата. Меѓутоа, големиот број лајкови не мора да значи дека на сите им се допаѓа тоа што ги гледаат тие фалбаџиски објави.

-Иако според нашите резултати фалењето на нарцисите се исплати, бидејќи тие навистина добиваат повеќе лајкови и коментари на нивните објави, сепак веројатно се работи за тоа што нивните Фејсбук пријатели учтиво ги поддржуваат, додека потајно не ги одобруваат таквите егоистични испади- вели доктор Тара Маршал, една од истражувачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top