| четврток, 6 декември 2018 |

ЕВН Македонија ги санираше сите дефекти во најпогодените подрачја

ЕВН Македонија ги санираше сите дефекти во дистрибутивната мрежа во најпогодените подрачја од поплавите во скопскиот регион. Со интензивната работа на екипите на ЕВН Македонија на терен, во овие подрачја сите 110 трафостаници кои беа во прекин од големото невреме се под напон и скоро сите корисници во овој регион имаат електрична енергија.

Кај околу стотина корисници по нивно барање, се уште не е пуштена електричната енергија, бидејќи нивните подруми и  домовисе под вода и целосно е уништена внатрешната инсталација.

-За овие корисници инатаму важи апелот да ги спуштат надолу осигурувачите ако имаат нови спратни табли или да ги извадат осигурувачите ако имаат од постариот тип на спратни табли. Апелираме овие инструкции да се почитува за да се избегнат несакани последици бидејќи во домовите има мокри зидови и влажни електрични апарати и кабли. За да се избегнат несреќи од ваков вид граѓаните да не преземаат ништо на своја рака и да бидат во целосна координација со екипите на ЕВН Македонија- се наведува во соопштението.

Екипите на ЕВН ќе останат на терен за санирање на евентуалните помали прекини во снабдувањето и ќе работат на замена на оштетената енергетска опрема. Заради точно информирање потенцираме дека замената на броилата во поплавените подрачја и санацијата на мрежата се на товар на ЕВН Македонија и ниту еден корисник од овие региони не платил ниту ќе му биде наплатено за оваа услуга. Оттука, како невистинити  и  тенденциозни ги сметаме сите информации што се јавија на социјалните мрежи во кои се тврди спротивното.

Екипите на ЕВН Македонија со сите расположливи капацитети ќе работат на терен и во следните денови, за што побрзо да се санираат штетите и да се обезбеди нормално снабдување со електрична енергија во сите населени места погодени поплавите, соопштува ЕВН.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top