Едно истражување спроведено со група студенти на Универзитетот УКЛА, покажало дека краткиот сон во текот на денот може да го засили памтењето.
Испитувачите ги поделиле студентите во две групи и им дале да пополнат тест во кој се наоѓаат делови на друг тест. Потоа, една група останала будна, а другата отишла на кратко да прилегне. Потоа двете групи пополниле нов тест, а студентите кои се одмориле покажале многу подобри резултати.
– Спиењето помага краткотрајното сеќавање да го претвориме во долготрајно, бидејќи го засилува нашето искуство за нешта кои сме ги доживеале – вели Сара Медник, која го водела истражувањето.
Тоа значи дека кратките паузи од 20 минути меѓу учењето или подготвување на важни презентации можат да бидат корисни за вашиот мозок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.