| четврток, 6 декември 2018 |

Страшна сообраќајка – повредената девојка итно на скопската Клиника

Околу два часот по полноќ на патниот правец Прилеп-Битола кај клучка Могила, се случила сообраќајна незгода во која 38-годишниот О.С. од Прилеп  управувајќи моторцикл со прилепски регистерски ознаки поради неприлагодена брзина изгубил контрола и паднал на десната страна од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила 18-годишната А.М. од Прилеп. Истата поради сериозноста на повредите била пренесена во Клиничкиот центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Прилеп. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top