Дождот продолжува и денеска. И денеска ваш најдобар пријател ќе биде чадорот, без кој не тргнувајте никаде. Метеролозите најавуваат променливо облачно време со кратки сончеви периоди и со повремени врнежи и ретки грмежи.
Наместа врнежите ќе бидат пообилни и се очекува да наврнат на повеќе места повеќе од 20 литри на квадратен метар. Врнежите би требало да бидат пообилни во крајните западни и источни делови на земјава.
Утринската температура ќе биде од девет до 15, а дневната од 19 до 25 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи и со слаб до умерен ветер, претежно од источен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 24 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.