| четврток, 6 декември 2018 |

Трилер меч во Рио, САД за малку се извлече од пораз од Србија

srbija 1

Американскиот дрим-тим втор натпревар по ред со многу мака стигнува до победа во Рио де Жанеиро, откако вечерва по голема битка славеше над селекцијата на Србија со резултат 94-91. Идентично како и на дуелот со Австралија пред неколку дена, Американците не можеа да влезат во ритам, Србите предводени од Теодосиќ им создаваа огромни проблеми во одбраната, па „

Почетокот наликуваше на стартот од финалето на последниот кошаркарски мундијал, во кој САД ја прегази Србија со 129-92. Американците делуваа моќно, српските кошаркари како да беа преимпресионирани, па дрим-тимот набрзина поведе со огромни 18 поени разлика (23-5). И кога сите во салата очекуваа американска симултанка, избраниците на Александар Ѓорѓевиќ почнаа да се враќаат. Првата четвртина заврши 27-15 за САД, а на крајот од вториот период резултатот гласеше 50-41.

srbija

Српските кошаркари успеваа да ја намалат предноста на противникот, неколку пати стигнуваа до „минус пет“, а во самиот финиш благодарение на извонредниот Теодосиќ стигнаа на само три поени разлика (94-91 на една минута до крајот). Србите имаа и напад со кој со тројка можеа да израмнат, но Јокиќ непотребно форсираше шут преку Грин. Американците повторно промашија, па Србија на пет секунди до крајот го имаше последниот напад. Богдан Богдановиќ имаше отворен шут за израмнување, но за разлика од бројните погодени тројки за триумф на Фенербахче одличниот шутер овојпат промаши, па овој суперинтересен дуел на крајот заврши со победа на САД од конечни 94-91.

Ирвинг со 15 и Џордан со 13 поени беа најефикасни кај САД, додека во редовите на Србија најдобри поединци беа Јокиќ со 25 поени и 6 скокови, потоа Теодосиќ со 18 поени и 6 асистенции и Радуљица со 18 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top