| четврток, 6 декември 2018 |

Интензитетот на сообраќајот зголемен, внимавајте на обиколницата и клисурите

сообра

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информира АМСМ. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Патниот правец Скопје – Македонски Брод преку Јасен е пуштен за сообраќај, но само за теренски возила. Екипите на Македонија пат продолжуваат да работат на оспособување на патниот правец за нормално одвивање на сообраќајот.

Обиколницата Скопје е пуштена за сообраќај во двата правци, но има делови од коловозот кои се оштетени, каде се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата. Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top