| четврток, 6 декември 2018 |

„Копач во грб за поплавените” – порака од активистите на СДСМ и „Шарените“ до настраданите во поплавите

„Копита недоделкани”, „Kопач за вас” им порачуваат шарените на жителите во поплавените региони. Активистите предводени од опозицијата ги преминаа границите, па на социјалните мрежи делат навредливи коментари за луѓето кои изгубија се што создавале во целиот свој живот. Претставници на таканaречената „Шарена револуција“ не престануваат да се потсмеваат со катастрофалното невреме кое гo зафати Скопје, но дополнително загрижува тоа што ги понижуваат настраданите.

Еден од активистите на „Шарената револуција“ кој е присутен на сите протести организирани од СДСМ, на социјалните мрежи крајно недолично ги навреди дел од настраданите жители во природната катастрофа, нарекувјаќи ги “копита недоделкани“.

gocev

-Оние граѓани чии домови се поплавени а не сакаат да примат помош затоа што им била понудена од учесници во ‪#‎ШаренаРеволуција и не заслужуваат ништо подобро, очигледно им е поубаво и нека продолжат да живеат во кал, смрдеа, фекалии. Кај нас во село таквите ги викаат “копита недоделкани”, напиша Алек Гочев.

Тој е еден од активистите на „Шарената револуција“ кој е присутен на сите протести организирани од СДСМ.

Со ваквите коментари гласноговорниците на СДСМ уште еднаш докажуваат дека ним воопшто не им е грижа за настраданите. Ниту еден од овие лица кои на социјалните мрежи сеат само гнев, не отиде да помогне на поплавените подрачја.

Тие само се ситат на ваквата трагедија и истата ја сфаќаат како состојба погодна за терање политика. Нивното однесување е срамно.

jugoslav

Во денови кога цела Македонија тагува по загубените животи и сочувствува со настраданите, СДСМ и нејзините полтрони тераат политика. Така, пред неколку дена, актерката која работи бранејќи ги интересите на СДСМ, Ирена Ристиќ, плукна по цела Македонија сакајќи да плука по лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Грувески кој по цели денови е на терен меѓу граѓаните кои доживеаја штети од невремето.

irena

Бранко Тричковски кој посакуваше да има што повеќе жртви од бранителите во Диво Насеље, сега бара да се палат македонските знамиња.

tricko

А, храброста на активистот на СДСМ и платеник на Шарената револуција Луми Бекири ги преминува границите. Тој порача дека би го запалил и целиот Црвен крст.

lumi

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top