| четврток, 6 декември 2018 |

„Дамите на ноќта“ откриваат зошто се занимаваат со „најстариот занает“ на светот

Многу луѓе се љубопитни кога станува збор за животот на проститутките, како и за причините кои ги навеле да се занимаваат со таа работа.

Една студија спроведена на примерокод 193 „продавачки на љубов“ во Швајцарија, каде што проституцијата е легална, имала за цел да открие зошто тие се занимаваат токму со таа работа, пишува порталот „Дејли стар”.

Повеќето дами работат студио, бордел или ескорт сервис, а една четвртина од анкетираните одговориле дека своите клиенти ги наоѓаат на улица.

Околу 37% проститутки изјавиле дека уживаат продавајќи го своето тело за пари. Друга најзастапена причина (28%) е што не можеле да пронајдат соодветна работа.

Финансиските потешкотии во семејството навеле 26 отсто од анкетираните да се занимаваат со најстариот занает на светот, а поради долгови за проституција се одлучиле 24 отсто од нив.

Интересен е податокот дека осум отсто од проститутките се занимаваат со таа работа за да ги покријат трошоците за образование а за 22% дрогата била главниот мотив.

Четири отсто од анкетираните рекле дека биле измамени кога им била понудена работата и тие претежно доаѓаат од странство, а една од сто била приморана на проституција. Повеќе од половина (55%) „дами на ноќта“ истакнале дека со задоволство би престанале да го продаваат своето тело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top