| четврток, 6 декември 2018 |

Убиена тинејџерка од Лондон која им се придружила на ИД (фото)

Загина млада девојка од Британија која им се придружила на исламистите.

Една од трите ученички кои што побегнале од Лондон во февруари лани и се придружиле на Исламска држава (ИД) загинала, потврди за агенцијата „Ројтерс“ адвокатот на нејзиното семејство.

Адвокатот Тасмине Акунџи изјави синоќа дека семејството на Кадиза Султана (16) пред неколку седмици дознало за нејзиното загинување во сирискиот град Рака. Се претпоставува дека е убиена во руските воздушни напади во Рака.

Таа имала намера да се врати назад и разговарала телефонски со своето семејство за можно бегство од Рака, изјави нејзината сестра во интервјуто за Ај-ти-ви-њуз.

Султана видела како исламистите со чекан тепаат девојка од Босна, Самра Кешиновиќ. Токму од оваа причина сакала да се врати дома.
Девојката заедно со две пријателки заминала со авион од Лондон во Турција на 17 февруари 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top