Во попладневните часови во Мостар, засега непознато момче (25) од Зеница скокнал од Стариот мост и повеќе не се појавил од водите на Неретва.
Момчето во друштво на две сестри стигнало во посета на Мостар. Додека биле на Стариот мост, момчето изразило желба да скокне во Неретва, а сестрите да го снимат неговиот скок. Тие се договориле околуи тоа, а потоа отишле во блискиот ресторан на ручек.
Меѓутоа во текот на ручекот, наводно момчето станало, рекло дека ќе оди во тоалет, но всушност се вратил на Стариот мост и скокнал.
Неговото тело го забележал полицаец кај Лучкиот мост на површината на водата, но потоа пак потонало. По дојавата за скокот стигнале два кајаци на интервентната спасувачка служба на Мостар, а спасителите момчето го барале низводно, се до мостот Хасан Бркиќ во населбата Текија.
Тука ја стопирале потрагата за да ја продолжат утрово.
Да потесетиме, минатиот викенд во Зворник настрада словенецот Андреј Беуц, кој скокна во Дрина и се удави. Спасувачките екипи вчера го извадија неговото тело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


