Многу ретка и екстремно силна- вака угледниот грчки професор по метеорологија Теодор Каракостас ја опишува саботната бура која потопи делови на Скопје. За него нема дилема- овој настан е феномен за метеоролозите.
– 6ти август ќе биде запаметен како ден во метеорологијата. Се случи една екстремно силна бура
Според Каракостас дождовите со ваков интензитет се исклучително ретка појава. Особено проблематично е тоа што огромното количество вода наврмнало за само неколку часа. Се работи за едноќелиска бура односно за бура концентрирана на ограничен простор.
– Се работи за огромна количина вода која паднала за многу краток временски период од само 5 часа. Тоа ние го нарекуваме ненадеен налет на бура
Професорот смета дека ваква непогода не може да се предвиди бидејќи на неа делувале повеќе фактори а се работи и за редок феномен.
– Дури и ако моделот ви даде информација за вакво невреме, еден искусен метеоролог ќе земе предвид дека тоа реткос е случува. УХМР постапи соодветно.
Теодор Каракостас е е директор на одделот за метеорологија на Универзитетот Аристотел во Солун. Своето образование го оформил во САД каде специјализирал по прашањето на бури и турбулентни временски услови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


