Со цел заштита на здравјето на населението во поплавените подрачја од денеска на терен пуштени се екипи од ендокринолози и инфектолози, почната е дезинфекција и донесена е препорака за евакуација на најзагрозените лица. Ова се дел од мерките кои денеска ги донесе Комисијата за заразни болести.
Претседателката на Комисијата за заразни болести Јованка Костовска, изјави дека екипи од ендокринолози од Клиниката за ендокринологија, од ГОБ „8-ми Септември“ и од Здравствен дом Скопје од денеска ќе ги посетуваат инсулинозависните пациенти и ќе делат терапија и ќе ги прашуваат за нивната здравствена состојба.
– Исто така, пуштени се екипи од лекар специјалист за инфективни болести и медицинска сестра кои ќе бидат стационирани во амбулантата во село Стајковци, и во пунктот во Ченто со цел антитетанична заштита и давање вакцина и серум на повредени лица кои учествуваат во санирање на подрачјето, а ќе вршат и скрининг на евентуални заразни болести, рече Костовска.
Со цел да се стигне до секое домаќинство, посочи, од вчера почнаа патронажни сестри на терен кои веќе посетија 487 семејства.
Потсети дека е извршена дезинфекција во Илинден, Бутел и во Кисела Вода со вкупно 35 илјади метри квадратни, од вчера е почната дезинфекција на куќите во Стајковци, каде водата е исцрпена и каде може да се спроведе дезинфекција, а денеска 16 лица со пупми заедно со АРМ вршат дезинфекција во Стајковци.
Костовска најави и ларвицидна дезинсекција за утре во зависност од временските услови на поплавените површини по ниви и секаде каде има поголема количина на вода.
За семејствата од поплавените подрачја кои не можат да дојдат до информации од Министерството за здравство, во соработка со Светската здравствена организација се подготвени брошури на македонски и албански јазик со точни информации како треба да постапува и да се заштити кои веќе се делат од Црвениот крст заедно со пакетите храна на населението.
– Комисијата за заразни болести донесе препорака за заштита на најзагрозеното население, како мајки, деца до 14 години, бремени жени, хронично болни и неподвижни лица, инвалидизирани и лица на дијализа, хемофиличари и лица со посебни потреби доколку се во можност да престојуваат одреден временски период кај роднини и познаници со цел да бидат во подобри услови и на посигурно и да се заштитат од заразни болести. Оние лица кои немаат каде да бидат сместени можат да се јават до пунктовите во Стајковци и Ченто каде ќе им биде обезбедено сместување, исхрана и медицинска заштита, рече Костовска.
На прашање дали болниците имаат капацитети да сместување на овие лица, Костовска, одговори дека болниците можат да ги примат и дека Клиниката за инфективни состојби е во мобилна состојба и има план за кризни состојби, а доколку има потреба и сите клиники се подготвени и ги активирале своите планови ако има зголемен број на заболени да ги примат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст