| четврток, 6 декември 2018 |

Медведев: Можен прекин на односите со Украина

Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави денеска дека не ја исклучува можноста за прекин на дипломатските односи со Украина, доколку нема други опции.

– Не би сакал така да се зварши. Меѓутоа, ако нема други опции за да се влијае на ситуацијата, претседателот веројатно може да донесе таква одлука, рече Медведев, одговарајќи на новинарско прашање дали е можен прекин на дипломатските односи по обидот на украинската разузнавачка служба да организира диверзии на Крим, јави ТАСС.

Киев и Москва не ги прекинаа односите ниту после припојувањето на Крим кон Русија, како ни при избивањето судири на истокот на Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top