Во поплавените региони неуморно волонтира Мартин Малиновски, кој ја потресе јавноста со својата објава во која ја опишува реалната ситуација на терен:
-Влегуваш во дворот, домаќинот ви вели фала фала, а уште не сте ни почнати, одеднаш пред очите кои такво нешто не виделе до сега слика на микро апокалипса, молчиш, немаш глас, гледаш девојче младо со лопата во раце молчи работи и уморно се насмевнува гледајќи те како молкум работиш, братот со количка носи кал од својата соба, молчиш, работиш, одеднаш од другата страна искача бабичката со некое парталче калливо со тажен штотуку, заплакан поглед ти вели фала сине, молчиш голташ кнедла и копаш и копаш не гледаш колку е сат колку кал имаш на себе колку рани на рацете, одеднаш домакинот ти вели „мали абе име нети знам ела седни кафе да пиеме да одмориме“, седнуваш и гледаш женичка со количка те прашува со колку шеќер кафето…Солзите сами течат толку е маката на луѓево, ах… Ете тоа вчера видов и почуствував епа како да не се вратам како да не помогнам зар треба да се запрашам?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст