ЕВН Македонија досега има вклучено 13.000 корисници, односно над 95 проценти од вкупниот број корисници во реонот зафатен со поплавите.
Од ЕВН Македонија информираат дека без напојување во моментов се неколку стотици корисници, кои се напојуваат од трафостаници што се под вода и корсниците што не сакаат да бидат приклучени поради уништената внатрешна инсталација. Екипите остануваат на терен сè додека не се нормализира во целост снабдувањето со електрична енергија.
Во соопштение наведуваат дека замената на броилата во поплавените подрачја и санацијата на мрежата се на товар на ЕВН Македонија и ниту еден корисник од овие региони не платил за оваа услуга. Посочуваат дека екипите на ЕВН Македонија со сите капацитети работат на терен за што побрзо да се санираат штетите и да се обезбеди електрична енергија до сите корисници.
-ЕВН Македонија не само што не ги наплатува новите броила, туку во интерес на безбедно и навремено снабдување со електрична енергија нашите екипи ја санираат и внатрешната инсталација на корисниците, повторно без никаков надомест – стои во соопштението.
Од ЕВН сметаат дека споделувањето на непроверени информации заради лични интереси и лично промовирање во услови на елементарна непогода, не му помага никому. Сега, посочуваат, е време во кое треба сите да работат на санирање на штетите од невремето. Екипите на ЕВН Македонија од почетокот на кризата се во поплавените подрачја и постојано работат на отстранување на дефектите и пуштање под наопон на што поголем број корисници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.