| четврток, 6 декември 2018 |

Расчистени улиците во Црешево, се чистат куќите

­

cresevo

Сите улици во Црешево се расчистени. Екипи во моментов работат на автобуската станица и на расчистување на најдолните три куќи во селото кои беа најмногу зафатени од поплавите, информира министерот за внатрешни работи Митко Чавков.

Чавков и министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска го посетија селото Црешево за на самото место да видат како се одвиваат работите за расчистување на последиците од поплавите.

Како што информира Чавков, на жителите на Црешево први на помош им дошла полицијата, а во расчистувањето на последиците од невремето учествувале 200 полицајци, 100 припадници на АРМ и 200 доброволци. Тој нагласи дека иако се при крај работите за целосно оспособување на селото, до вторник екипите ќе останат на терен за веднаш потоа механизацијата и машините да бидат префрлени во местата каде што се најпотребни, односно во Стајковци, каде што се поплавени 700 од вкупно 1.000 куќи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top