Репрезентацијата на Фиџи е сензационален победник во рагби 7 и нов олимписки шампион во Рио. Во финалето Фиџи ја прегази В.Британија со 43-7.
Фиџи до олимпиското злато стигнаа со шест победи во последните три дена, по ред беа подобри од Бразил, Аргентина, САД, Нов Зеланд, Јапонија и В.Британија. Бронзениот медал го освоија рагбистите на Јужноафриканската Република кои во малото финале ја победија Јапонија со 54-14.
Ова е прво појавување на рагби 7 на Олимписките игри и враќање на овој спорт на најголемиот спортски настан по 92 години, после ОИ 1924 во Париз кога на Ои се играше класично рагби со по 15 играчи од секој тим на терен.
Рагби 7 во Фиџи е спорт број 1 во кој оваа мала островска земја е светска велесила со повеќе меѓународни титули. Но, највредната титула стигна сега во Рио. Ова е прв олимписки медал за Фиџи и воопшто за некоја од пацифичките островски земји.
Фиџи е држава во Тихиот Океан со површина од 18.274 квадратни километри, со вкупно 800.000 жители што живеат на 330 острови. Ова се нивни 14 летни олимписки игри на кои настапиле и прв пат во историјата стигнале до победничкиот подиум и до златен олимписки медал.
Новите олимписки шампиони титулата ја прославија со песна на стадионот во Рио и по големата победа стнаа хит на интернет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.