| четврток, 6 декември 2018 |

Расправии меѓу Клинтон и Трамп поради ИД

tramp

Демократската кандидатка за претседател на САД, Хилари Клинтон, синоќа му упати остри критики на својот противкандидат од Републиканската партија, Доналд Трамп, поради тврдењата дека таа и шефот на американската држава Барак Обама се основачи на групата Исламска држава (ИД).

-Не, Барак Обама не е основач на Исламска држава – напиша Клинтон на „Твитер“, обвинувајќи го Трамп за клевета против претседателот.

Таа додаде дека секој што е подготвен толку често да се спушта така ниско, никогаш не треба да му се дозволи да стане претседател.

Републиканскиот претседателски кандидат во средата на собир во Флорида изјави дека Обама е основач на ИД, додека според него, нејзин коосновач е „нечесната Хилари Клинтон“.

Демократскиот национален комитет вчера го повика њујоршкиот милијардер да се извини за своите „срамни, неразумни и очевидно погрешни тврдења“.

Наспроти тоа, Трамп уште еднаш го повтори своето тврдење, додавајќи дека „ИД ќе ѝ врачи награда на Клинтон за највреден играч“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top