Оливија Спрауер добила отказ од средното училиште Мартин Каунти Хај на Флорида во САД во кое работела како учителка еден месец пред крајот на училишната година откако директорот на училиштето видел нејзини фотографии на кои таа позира како модел.
Учителката признала дека фотографиите се нејзини без да се чувствува непријатно за нејзиниот атрактивен изглед, по што директорот ја замолил да го напушти училиштето.
Спрауер била испратена од училиштето со придружба, а во соопштението училиштето кусо соопштило дека таа веќе не е во работен однос.
Отпуштената учителка воопшто не се возбудила на одлуката на директорот на училиштето бидејќи и самата планирала да го напушти по крајот на годината, но признала дека и недостигаат учениците. Таа открила дека планира во иднина да се занимава со манекенство, но и дека сака повторно да побара работа како учителка, но се разбира, таму каде што нема да им смета нејзината убавина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




