Механизацијата на КФОР, која пристигна вчера во координација со припадниците на АРМ, се вклучи веднаш на сите места каде што за тоа има потреба во расчистување на улиците од наносите од поплавата. Припадниците на АРМ од единиците на АБХО почнаа со дезинфекција по куќите и на дворовите со цел превентивно делување во спречување на појава на заразни заболувања.
– Од почетокот на ангажирањето на АРМ на реоните на Скопје погодени од поплавата рамноправно со своите колеги, припадничките на АРМ ги извршуваат сите доделени задачи онаму каде што е најпотребно. Вклучени се во расчистување на наносите во куќите и во дворовите, регулирање на сообраќајот, испумпување вода, дезинфекција на просторот и на сите останати активности во кои се ангажирани припадниците на АРМ – информираат од ГШ на АРМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.