| четврток, 6 декември 2018 |

Кан го забрани носењето буркини на плажа

burki

Локалните властите на Кан воведоа забрана за носење на костимот за капање буркини на плажите во реонот на овој град на југоистокот на Франција, познат по Канскиот филмски фестивал.

– Им се забранува пристап на плажите, како и капење на сите оние кои не носат вообичаен костим за капање, во согласност со обичаите и начелата на секуларноста и со почитувањето на хигиенските и безбедносните прописи – се вели во одлуката потпишана од градоначалникот на Кан, Давид Лиснард.

Буркини е костум за капење што го носат муслиманските жени, кои ја покрива главата, со исклучок на лицето, како и целото тело од вратот до глуждовите.

Според одлуката на канските локални власти, костимите за капење кои „нападно ја покажуваат верската припадниост во услови кога Франција и местата за верски обреди се цел на терористички напади, би можеле да го зголемат ризикот од нарушување на јавниот ред (расправии, теpачки и слично)“.

Првите слични забрани во општини во Франција, Холандија и на други места во Западна Европа, датираат од 2008 – 2009 година. Но тие важат претежно  за базени за јавна употреба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top