| четврток, 6 декември 2018 |

Нема повеќе чување место на плажа – 200 евра казна за „резервација“ со пешкир

peskir plaza

Италијанските власти решиле веќе да не ги толерираат здодевните капачи што ги резервираат најдобрите места на плажите со пешкири или лежалки, па таквото однесување во иднина ќе биде казнувано со 200 евра. Операцијата на италијанските власти наречена „Безбедно море“ така ќе биде проширена и на пешкирите, а првата акција веќе била спроведена во Ливорно, изминатиов викенд.

Како што пренесуваат медиумите, крајбрежната стража конфискувала повеќе столчиња и лежалки, чадори и пешкири, но и неколку костими за капење.

Истовремено, надлежните од Тоскана до Сардинија им наплатуваат казни од 200 евра на тие што не ги почитуваат правилата за пристојно однесување.

– Се работи за стара и вообичаена навика, која се појавила кога првиот голем бран на туристи пристигнале во Италија по Втората светска војна – наведуваат медиумите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top