| четврток, 6 декември 2018 |

„Сити Парк Бојс“ и „Комити“ од денеска и на терен, се приклучија кон апелот за помош во поплавените места

komiti

Откако скопските навивачки групи „Комити“ и „Сити Парк Бојс“ се приклучија на апелот за помош на семејствата на настрраданите во подрачјата зафатени од поплавите, организирајќи акција за донирање на потребни стредства, од денеска верните навивачи на Вардар и КК Работнички се на терен.

siti park bojs

Во попладневните часови група на навивачи се упати кон Стајковци каде неколку часа им помагаше на настрадните околу расчистување на нивните домови. Повеќе од 10 симпатизери на скопските клубови беа активно вклучени во
расчистувањето.

siti park bojs 1

Нивните очекувања се дека бројката на навивачи ќе се зголеми за време на викендот кога се договорени повторно акции за помош на теренот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top