„Забележани се примери, како поединци во името на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија или некој храм при МПЦ-ОА, собираат по домови донации за настраданите во поплавите, велејќи дека се испратени од некој храм или свештеник.
Вашите донации се примаат само во храмовите“.
Ова го објави Презвитер Бобан Митевски, на својот профил на социјалните мрежи, апелирајќи и предупредувајќи ги граѓаните да внимаваат на изманици кои во име на МПЦ собират донации за настрадите во поплавите во скопско.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.