Сексот понекогаш знае да биде вистински предизвик, посебно за мажите кои главно имаат потреба за докажување. Поради притисокот кој сами го наметнуваат, често и грешат.
1.Имитираат порно-филмови
Една од грешките кои ги прават е тоа што сакаат да ги имитираат порно-филмовите. Неискусните мажи мислат дека порно-филмовите се енциклопедија за добар секс, но не сфаќаат дека сексот во нив е главно да ги задоволи машките актери и машките гледачи.
2. Ја оставаат жената сама да ја заврши целата работа
Сексот е активност во која двете страни мора подеднакво да учестуваат. Да ја оставиш жената да ја заврши целата работа е една од најлошите работи кои може да се случат во текот на сексот. Важно е мажот да биде дарежлив парнтер кој знае да возврати.
3. Сакаат комплицирани пози, а уште не „магистрирале“ на класичните
Нема ништо лошо во експериментирањето, но не мора да правите глупости за сексот да биде добар. И класичните пози може да бидат одличен извор на задоволство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.