| четврток, 6 декември 2018 |

Добитничката на „Златниот венец“ Нанси Морехон: Најискрено сум многу загрижена за населението зафатено од поплавите

Добитничката на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата во 2006 година кубанската поетеса Нанси Морехон изрази загриженост за населението кое беше зафатено од невремето во Скоспко и изрази сочуство до семејствата на загинатите.

– Би сакала да ви кажам дека најискрено сум многу загрижена за тамошната ситуација. За жал, во моментов ги немам имињата и адресите на моите пријатели кои никогаш нема да ги заборавам. Би сакала да ја споделам со поетската заедница во Македонија мојата грижа и грижата на многу други кубански поети, вели Морехон.

Во пораката упатена до Струшките вечери на поезијата таа посочува дека за природната непогода дознала од медиумитe, потсетувајќи се на моментите поминати во Македонија, посебно во 2006 година кога и беше врачено признанието.

– Вчера, додека слушав вести, чув за природните катастрофи во Македонија, посебно во вашиот главен град Скопје, од каде се уште в срце носам спомени. За време на моите две посети, посебно во 2006 година кога ми беше доделен „Златниот венец“, таму оставив дел од моите најубави чувства, стои во пораката на Морехон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top