Лудилото и бесчувствителноста на платениците на Сорос нема граници. Додека жителите на поплавените места во Скопје петти ден се борат со последиците од катастрофалната поплава, шарените платеници место да засукаат ракави и да им помогнат на своите сограѓани, организираат забави, се веселат, филозофираат, читаат поезии и, се разбира, за тоа убаво си наплатуваат.
Според соопштението од Цивил, шарените платеници денеска ќе се забавуваат во Струмица. Во исто време додека во Стајковци, Инџиково, Црешково, Синѓелиќ, Арачиново се испумпува вода и тиња од домовите, во Струмица, како што самите најавуваат „ќе се свири и ќе се пее во звуците на слободата“. Свои стихови ќе рецитирал Ѓорѓи Калајџиев, а на дискусијата покрај Калајџиев ќе учествувале претставници на Цивил и Мирјана Најчевска.
Во меѓувреме, Црвениот крст, армијата, претставници на локалната и централната власт, голем број граѓани- волонтери со сите сили се обидуваат да им помогнат на околу 5.000 семејства погодени од кастастрофалната поплава за да го вратат животот во нормален тек.
И додека жителите на погодените места се дават во кал – карванот си врви, а шарените платеници се забавуваат и убаво си наплатуваат. Таканаречениот Карван на слободата е финансиран од УСАИД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.