| четврток, 6 декември 2018 |

Пеколот допрва доаѓа: Температурa до 77 степенa ќе предизвикува уште поголеми проблеми

Во Обединетите Арапски Емирати и во Ирак ова лето се забележани рекордни топлински индекси. Рекордно високата температура, која ова лето погоди многу држави, би можела да е само најава за пеколот што допрва доаѓа, повторно предупредија стручњаците за климатски промени, чиишто најави звучат застрашувачки.

Имено, како што велат стручњаците, доколку продолжат ваквите трендови на висока температура, во следните неколку децении во некои држави од светот ќе има голем недостиг од вода за пиење, а температурата ќе биде толку екстремно висока, што луѓето во тие подрачја, буквално, нема да можат да живеат, пренесува „Вашингтон пост”.

На пример, во Обединетите Арапски Емирати и во Ирак ова лето се забележани рекордни топлински индекси (големина што е измерена врз темел на температурата на воздухот и неговата релативна влажност), додека и во околните држави е забележана досега невидена температура откако постои мерењето.

Во Џеди (Саудиска Арабија) се измерени 52  Целзиусови степени, во Басри (Ирак) 54 степена, исто колку и во кувајтски Митрибах. Овие мерења ги потврди и Светската метеоролошка организација со што и официјално се соборени рекордите во источната хемисфера.

-Доколку продолжи температурата да расте, ќе следуваат поголеми конфликти и бегалски кризи во однос на тие на кои сме сведоци денес – предупреди Адел Абделатиф, советник во Обединетите нации, кој ги проучува ефектите на климатските промени во арапските земји.

Да потсетиме, не толку одамна во магазинот „„Нејчр клајмет чејнџ“ пишуваше дека Персискиот Залив би можел до крајот на ова столетие да остане целосно пуст затоа што компјутерски симулации откриле дека дневната температура ќе се искачуваат до неверојатни 77 степена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top