| четврток, 6 декември 2018 |

Татко и син од Пробиштип планирале да ја убијат снаата

Штипската полиција ги уапси К.М. (66) и И.М.(41), двајцата од пробиштипското село Ратавица, кои се осомничени за поттикнување убиство.

Полицијата открила дека при крајот на јули, таткото и синот, по претходен меѓусебен договор, со намера да ја убијат Д.М. (35), снаа и сопруга, која поради нарушени брачни односи го напуштила домот во кој живеела со пријавените и заминала да живее во Штип, стапиле во контакт со М.Ц. (37) од Штип.

Нему му ветиле награда од 10.000 евра за да ја грабне жената и да им ја предаде, па тие после на раат да ја убијат. На име капар за првите трошоци тиему дале 17.000 денари, а другите ветиле дека ќе му ги дадат откако ќе им ја предаде. Но, за планот била алармирана полицијата, која ги уапсила, а денеска судија на претходна постапка на пријавените им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top