| четврток, 6 декември 2018 |

МВР: Случај дека се спасени мајка и ќерка во Синѓелиќ досега не е пријавен

Во СВР Скопје не е пријавено дека лицето Б.В. вчера пронашол две живи лица (мајка и ќерка) кои четири дена биле заглавени во кал во с. Сингелиќ и успеал да ги спаси и да ги пренесе во болница, велат од МВР за „Република“.

– Социјалните мрежи и порталите известија дека лицата, најверојатно, се од Албанија и дека името на мајката не се знае, односно врз нив се спроведува постапката за идентификација. Во СВР Скопје не е пријавен ваков настан, а од страна на Единицата за информации – команда во СВР Скопје телефонски е стапено во контакт со Градска општа болница „8 Септември“, Градска општа болница „Св. Наум Охридски“, комплекс клиники „Мајка Тереза“ и Брза помош на град Скопје, при што е констатирано дека кај ниту една од градските болници не се донесени ниту пријавени вакви лица – објаснуваат од МВР.

Весели во изјава за „Аласт М“ тврдеше дека мајката и нејзината четиригодишна ќерка успеал да ги спаси, а тие биле пренесени во болница. Тој кажа дека ги нашол во кал, најверојатно од голем шок и стрес не биле во состојба да зборуваат, но се претпоставува дека се од Албанија. Девојчето наводно се викало Венера, а името на мајката не му било познато.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top