Нема повредени во сообраќајката што се случи преттпладнето во 10.15 часот на автопатот Скопје-Тетово, кај клучката Волково.
Како што информира МВР, се судриле товарно моторно возило „ТАВ“ (цистерна) со скопски регистерски ознаки и комби „Фолксваген транспортер“, исто со скопски регистарски ознаки.
Комбето останало во дефект, а возачот излегол надвор. Во тој момент во него удрила цистерната, по што комбито се превртело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.