Кошаркарите на САД ја остварија третата победа на ОИ во Рио со, за тимот од соништата, скромни 98-88 против Австралија. Американците во победата ги предводеше најискусниот во составот, 32-годишниот Кармело Ентони, кој постигна 31 поени и стана најдобар стрелец на САД на Олимписките игри со вкупно 293 поени.
Со 14 поени за само седум минути игра против Австралија, Ентони ги надмина Дејвид Робинсон (270) и досегашниот рекордер Леброн Џејмс (273), кои до овој меч беа пред него на листата на најдобрите стрелци на репрезентацијата на САД во настапите на Олимписките игри.
Кармело Ентони го заврши натпреварот со девет тројки и вкупно 31 поен и сега ја предводи вечната листа на најдобри стрелци на САД на Олимписките игри, со 293 поени.
Ѕвездата на Њујорк никс четврти пат учествува на ОИ, има титули од претходните две олимпијади, а со новото злато од Рио би станал прв кошаркар со три златни олимписки медали.
Американците утре на полноќ, во 4. коло на олимпискиот турнир во Рио, ќе играат против селекцијата на Србија.
Австралија беше достоен противник сѐ до пред крајот на мечот, а на моменти имаа и предност од девет поени. Со ваква игра бројните НБА ѕвезди во австралискиот состав можат да се надеваат дека оваа година во Рио би можеле да се надеваат и на пласман во самата завршница на олимпскиот турнир. Покрај добрата игра на Австралија во овој дуел, во кој Пети Милс беше нерешлива енигма за Американците со постигнати 30 поени, во првите две кола овој состав ја декласираше Франција со 21 поен разлика и Србија со 15 коша.
Последниот пораз САД на ЛОИ го доживеа во 2004 година во полуфиналето против Аргентина, а немаше да биде незаслужено ако тоа се случеше и доцна синоќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.