| четврток, 6 декември 2018 |

Џони Деп смислил одмазда за Амбер Хрд

Не се ни сомневавме дека по подолг период на молк, Џони Деп ќе дојде до решение како да се одбрани од поранешната сопруга, која се обидува да го обвини за малтретирање во бракот.

Актерката Абер Хрд овие денови се сретнала со адвокатите на Џони Деп и, и покрај обидот за договор околу обвинувањето за злоставување во бракот, тој досега не е постигнат. Како што пишуваа странските медиуми, Амбер се појавила на сослушувањето, но пред да појде кај адвокатите на Деп со својот правен тим, почнала да плаче и да вреска и одбила да сведочи против него.

Тогаш осамнала веста дека Деп има 20 сведоци, кои на суд ќе кажат дека не ја ни допрел, а не да ја тепал.

Амбер тврди дека Џони неколку пати ја истепал, дека ѝ го фрлил мобилниот телефон в лице.

Сите 20 сведоци биле присутни на спорниот ден кога Амбер објавила дека добила ќотек. Меѓу сведоците ќе имало и двајца полицајци, кои дошле во нивниот стан на 21 мај, ноќта кога, наводно, Џони ја удрил, но и вратарите од нивната зграда. Тие тврдат дека никогаш не ја виделе Амбер повредена, иако таа во јавноста објави фотографии на кои има модринки на лицето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top