| четврток, 6 декември 2018 |

Како да се заштитите од громови – ако сте на отворено или дома, направете го ова!

gromovi

Грмењето е појава што може да предизвика голема штета, но и да доведе до трагедија. Токму поради тоа обидете се да се заштитите од последиците од гром во затвроен или отворен простор. Еве што треба да правите

Ако сте во затворен простор

– Затворете ги прозорците и вратите

– избегнувајте контакт со радијаторите и другите метални предмети во вашиот дом

– исклучете ги телефоните, компјутерот, телевизорот.

– избегнувајте миење на садови и туширање

Ако сте на отворено

– тргнете се од високи структури (јарболи, столбови)

– избегнувајте ги дрвјата, не доближувајте се до ограда, телефонски кабли,

– пронајдете некоја стреа, ако немате во блзина седнете на земја

– доколку сте во шума, заштитете се под гранки, или под некое ниско дрво

– не минувајте покрај вода, и не пливајте

– немојте да држите чадор или други метални проводни предмети во рацете

– немојте да седите исправено

-ако сте во група, држете растојание од пет метри меѓу себе.

Доколку се најдете во автомобил

-запрете го автомобилот, но подалеку од електровод и од дрва

– останете во автомобилот, запалете ги светлата додека не помине невремето

– затворете ги прозорите и не допирајте ништо метално.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top