| четврток, 6 декември 2018 |

Голема тајна крие Дрина, удавените луѓе не можат да ги најдат со месеци

Ни по четири дена потрага за Словенецот Андреја, кој во неделата скокна од мост во Дрина, нема напредок во истргата и неговото тело не е пронајдено. За реката Дрина месното население говори дека е брза и силна, особено во планинските предели каде поминува.

Меѓу трагедиите кои се имаат случено во оваа река, се и давењето на свештеник од српската православна црква. Таа трагедија се случила во 2013 година. Во јануари следната година, две млади момчиња со автомобил влетаа во реката. Телото на едното момче беше пронајдено по десетина дена, а на другото по цел месец.

И две тинејџерки се удавија истата година во водите на Дрина.

Месното население ја зборува легендата за нејзината неуморност. Велат дека реката секоја година зема животи и крие мрачна тајна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top