| четврток, 6 декември 2018 |

Две експлозии во Турција, најмалку десетици загинати

Најмалку 9 луѓе загинаа, а десетици се повредени вчера во две експлозии на бомби во југоисточна Турција.

Во центарот на Дијарбекир експлодира автомобил-бомба, при што загинаа пет лица, а 13 се повредени.

Речиси во исто време се случи експлозија пред болница во Кзлтепе, при што загинаа четири лица, а 10 полицајци и 30 цивили се повредени. Цел на нападот биле полицајците стационирани во близина на болницата.

Турските безбедносни служби тврдат дека двата напада биле изведени од припадници на Курдската работничка партија (ПКК) и оти биле координирани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top