Во акција на канадската полиција за спречување на терористичка закана во градот Стратрој е ликвидиран еден осомничен терорист, објави канадската телевизија „Си-Би-Ес“.
Акцијата била спроведена откако полицијата добила доверлива информација за потенцијална терористичка закана во северно предградие на Стратрој, град што се наоѓа во канадската провинција Онтарио.
По добиените сознанија за можен терористички напад, полицијата спорвела засилени безбедносни мерки, при што идентификувала осомничен потенцијален терорист, кој бил застрелан.
Полицијата засега официјално не го соопштува идентитетот на осомничениот терорист, но според анонимни разузнавачки извори на кои се повикуваат канадските мдиуми, тој е идентификуван како Арон Драјвер.
Истиот извор наведува дека Драјвер, кој е на возраст од околу 25 години, минатата година бил уапсен под обвинение за отворена поддршка на џихадистичката група Исламска Држдава (ИД) преку социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст