| четврток, 6 декември 2018 |

АРМ постави тактичко оперативен центар во Стајковци, КФОР испрати осум инженериски машини

????????????????????????????????????

Армијата на Република Македонија го зголемува ангажманот во поплавените подрачја. Од вчера, како што информираат од АРМ, во функција е ставен тактичко оперативниот центар на АРМ, кој воедно е  координативен центар.

????????????????????????????????????

– Низ овој координативен центар се координираат сите активности за ангажирање на потребните средства и персонал во согласност со изразените барања, како и меѓусебна координација меѓу инволвираните субјекти ангажирани во санирањето на последиците од катастрофалната поплава. Од страна на воената полиција во содејство со МВР се превзема и регулирањето на сообраќајот во реонот на Стајковци при што се помага во регулирање на движењето на механизацијата и моторните возила ангажирани во отстранување на последиците од поплавите – велат оттаму.

????????????????????????????????????

????????????????????????????????????

????????????????????????????????????

Во текот на вечерта на граничниот премин „Блаце“ пристигна и конвој од КФОР во кој има осум инженериски машини, кои ќе се ангажираат на терен таму каде што се потребни.

kfor1

– Инженериските машини се доделени од страна на КФОР врз основа на меѓусебната соработка и искажаните потреби од страна на АРМ. Истите ќе бидат пристигнати кај клучката од обиколницата кон Стајковци денес околу во период од 9.00 до 10.00 часот каде веднаш ќе бидат распоредени каде што е потребно – велат од АРМ.

kfor12 kfor15

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top