| четврток, 6 декември 2018 |

Обиколницата отворена за сообраќај, но возете внимателно!

obikolnicataСе препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Тоа особено важи низ клисурите, каде што постои можност за појава на одрони, кои наместа може да го спречат движењето на возачите.

АМСМ потсетува дека сообраќајот на скопската обиколница од 9.8.2016 е нормализиран и пуштен за сообраќај во двата правца, но има делови од коловозот што се оштетени, каде се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top